• Горан Упале

Фудбалерите на Аталанта конечно им се вратија на победите во домашниот шампионат и по пауза од четири кола запишаа важни три бода на своето конто.
- Извештај од натпреварот:
Тимот од Бергамо важеше за голем фаворит на средбата со Емполи, но до посакуваната победа стигна потешко од очекуваното, односно по негатива во првото полувреме (2-1). Ебуехи во самата завршница од првиот дел донесе гостинска радост и водство за Емполи од 0-1, но само што започна второто полувреме Де Рон, на додавање на Руџери, погоди за 1-1.
По израмнувањето гостинските фудбалери долго време одолеваа на налетите на момците на Гасперини, но не усеаја да се доодбранат до крај, бидејќи Расмус Винтер Хојлунд во 86. минута стрелаше за пресврт и победа на Аталанта од 2-1.
За некогашниот учесник во Лигата на шампионите ова беше тринаестта овосезонска победа, со која му побегна на Јуве на седум бода, додека Емполи го впиша четвртиот пораз во низа и остана на четиринаесеттото место.