Де Лихт се врати, ќе биде подготвен за Австрија и Македонија

Де Лихт

Холандскиот дефанзивец Матијс де Лихт немаше среќа да биде дел од дебито на неговата репрезентација на Европското првенство.

„Лалињата“ тргнаа со три бода во нашата група, надигрувајќи ја Украина. Добри вести за селекторот Франк де Бур донесе денешната тренинг сесија. Младиот играч на Јувентус се врати меѓу соиграчите и беше дел од целиот тренинг. Тоа значи дека тој ќе биде подготвен за дуелите против Австрија и Македонија.

Холандија важи за фаворит во групата Ц. По поразот од Австрија, македонската репрезентација сега ќе мора да одигра подобро против Украинците и на крајот од групната фаза во Амстердам.