Де Лихт се сели на „Камп Ноу“, Ајакс добива 60 милиони евра!?

Барселона е на чекор во своите редови да доведе уште еден млад холандски фудбалер, откако уште ситни детали се пречка за потпишување на договор со Матијас де Лихт, пренесува каталонскиот „Спорт“.

Спред „Спорт“, Каталонците се подготвени како обештетување да исплатат 60 милиони евра, понуда која од Ајакс најверојатно без размислување ќе ја прифатат. Се очекува младиот одбранбен играч да потпише петгодишен договор и во иднина да биде еден од столбовите на тимот.

Претходно тимот на Барселона успеа да потпише договор и со Френки де Јонг, кој за 75 милиони евра од налето ќе биде дел од Барселона. Со тоа Барселона во своите редови ќе успее да ги доведе двата најталентирани фудбалери на холандскиот фудбал, а Ајакс ќе заработи неверојатни 135 милиони евра.