Де Лихт го оперираше рамото и ќе биде надвор од терените три месеци

Де Лихт

Младиот дефанзвиец на Јувентус, Матијс Де Лихт, мораше да прави операција на рамото, кое му правеше проблеми во текот на изминатата сезона.

Холанѓанецот се одлучи на овој зафат по завршувањето на сите натпревари на „старата дама“. Заздравувањето ќе го натера да прави пауза од фудбалските терени во наредните три месеци, што значи дека одново ќе го видиме некаде во ноември.

20-годишникот ќе го пропушти почетокот на новата сезона во Италија, а и неколку натпревари на Холандија во Лигата на Нации.

Јуве го освои Скудетото деветта година во низа, но имаше неуспех во Копа Италија и Лигата на шампионите.