Де Лихт: Меси или Роналдо? Би го одбрал Зијеч!

Младиот дефанзивец на Ајакс, Матијас де Лихт ја доби наградата „Златно момче“ на италијанскиот „Тутоспорт“ и во иднина се очекува да биде еден од најдобрите одбранбени фудбалери.

По добивањето на наградата за најдобар млад фудбалер беше запрашан со кого би сакал да игра, дали со Лионел Меси или пак со Кристијано Роналдо, а тој со одговорот ги изненади сите.

„Меси или Роналдо? Попрво би го одбрал Хаким Зијеч (негов соиграч од Ајакс). Моментално сум фокусиран на Ајакс и не размислувам за заминување од Амстердам“, изјави Де Лихт.

19-годишниот дефанзивец за тимот на Ајакс дебитираше во 2016 година и на досегашните 56 одиграни натпревари постигна седум гола. За репрезентацијата на Холандија запиша 13 настапи, на кои се нема запишано во листата на стрелците.