Де Лихт како Де Јонг, го одби Баерн и ѝ кажа „да“ на Барселона

Младиот фудбалер кој настапува за Ајакс, Матејс Де Лихт одбрал кариерата да ја продолжи во Барселона и наскоро ќе потпише договор со каталонскиот гигант, пишува шпански „Спорт“.

Де Лихт беше мета на Баерн Минхен и Баварците правеа притисок да го донесат во своите редови, но фудбалерот има една желба - да го носи дресот на Барселона. 

Веќе се договорени и деталите за договорот, а истиот ќе биде сличен на неговиот клупски колега Френки Де Јонг, кој по крајот на сезоната оди во шпанскиот првак. Де Лихт ќе добие петгодишен договор, а Ајакс ќе добие 60 милиони евра.

19-годишниот централен бек е дете на Ајакс и настапува за клубот уште од 2008 година. Професионалното деби го имаше во Јонг Ајакс, во 2016 година, а по крајот на сезоната се пресели во првиот тим.