Де Лихт ја одби Барса и ќе заработува ТРИПАТИ повеќе од Де Јонг

Де Лихт Де Јонг

Агентот на Матијс Де Лихт, Мино Рајола, води тримесечни интензивни преговори околу неговиот трансфер ова лето.

Се чини на крај победник ќе биде Јувентус кој понуди најдобри лични услови за младата надеж на холандскиот фудбал. Дефанзивецот се поврзуваше со Барселона, но италијанскиот првак му понуди далеку повисока плата која ќе го направи втор најплатен фудбалер во Серија А, по Кристијано Роналдо.

19-годишниот дефанзивец ќе биде одлично засилување за „старата дама“ која ќе му исплаќа 20 милиони евра по сезона. Тоа е дури трипати повеќе од приходите кои ќе ги има Френки де Јонг во Барса.

Ако се земе предвид дека можеби стилот на игра на каталонскиот гигант повеќе ќе му одговара, овој трансфер на Де Лихт во Италија би бил уште една потврда дека парите го вртат фудбалот. 

ПСЖ исто така замеша прсти во оваа сага, но желбата на Холанѓанецот да игра покрај Роналдо ќе биде клучна за неговата одлука околу иднината ова лето.