
Поранешниот капитен на Ајакс, денес дефанзивец на Јувентус, Матејс Де Лихт го доби признанието за најдобар млад фудбалер на вечерашната церемонија во Париз.
Холанѓанецот ги остави зад себе Џејон Санчо и Жоао Феликс.
„Горд сум на оваа награда. Благодарам на мојот поранешен клуб Ајакс, сегашниот Јувентус, репрезентацијата, семејството, девојката и на сите што гласаа за мене“, кратко изјави Де Лихт.
Минатата година ова признание заврши во рацете на Килиан Мбапе.
