Де Лаурентис ќе го пушти Конте да ја води Италија, но под еден услов!

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, изјави дека е подготвен да му дозволи на тренерот Антонио Конте да ја преземе италијанската репрезентација, но под специфичен услов, да ја задржи и функцијата на клупата на клубот од Неапол.

Темата за нов селектор на Италија е една од најактуелните во изминатиот период, откако трикратниот светски шампион доживеа разочарување и нема да настапи на трето последователно Светско првенство. Во плејофот, „азурите“ беа елиминирани од Босна и Херцеговина по изведување на пенали, што предизвика сериозни потреси во италијанскиот фудбал.

Како последица на неуспехот, селекторот Џенаро Гатузо поднесе оставка, а истата одлука ја донесе и претседателот на федерацијата Габриеле Гравина.

„Ако Антонио ме праша, веројатно би прифатил. Тој е исклучително интелигентен тренер. Додека нема сериозен проект, а во моментов не гледам таков, тешко дека би се впуштил во толку неорганизирана ситуација,“ изјави Де Лаурентис.

И самиот Конте навести дека би бил подготвен да размисли за ваква можност, потенцирајќи дека доколку бил на чело на федерацијата, би ја разгледал и сопствената кандидатура.

Во меѓувреме, Де Лаурентис го посочи и својот фаворит за водечката позиција во Италијанска фудбалска федерација. Според него, Џовани Малаго е идеално решение, најпрво како привремен комесар, а потоа и како постојан претседател.

Малаго претходно беше претседател на Италијанскиот олимписки комитет и раководител на организацискиот комитет за Зимските олимписки игри во Милано и Кортина,