• Горан Упале

Луис де ла Фуенте на брилијантен начин ја опиша сегашноста и иднината на новата светска фудбалска ѕвезда Ламин Јамал.
Селекторот на Шпанија по победата над Франција и пласманот во финалето на Европското првенство не штедеше пофалби за момчето, кое за неколку дена ќе наполни 17 години, но му испрати и важна порака дека не смее да „лета“:
„Видовме генијалец! Вистински гениј... Мораме да се грижиме за него, да продолжиме да работиме и да му ги држиме нозете на земја.
Имаме голема среќа што е Шпанец и што ќе уживаме во неговата игра уште многу години. Имаме тим со многу сегашност, но повеќе иднина“, рече Де ла Фуенте.
Во големото финале во Берлин шпанските фудбалери ќе се судрат со подобриот од вечерашното полуфинале меѓу Англија и Холандија.