Де ла Фуенте: Нема посреќен човек од мене, ќе победуваме често и во иднина

Шпанија на доминантен начин, со седум победи во исто толку одиграни натпревари, го  освои Европското првенство во фудбал. Триумфот во Германија носи четврта европска титула за „фуријата“ и прво место на вечната листа на континенталниот собир.

По победата од 2-1 против Англија, селекторот Луис де ла Фуенте рече:

„Нема посреќен човек од мене. Конечно циклусот се комплетираше со една голема титула. Сега сум уверен дека можеме да продолжиме да победуваме. Денес одигравме зрел натпревар и верувавме во нашите квалитети. 

Имавме проблеми и дилеми. Родри се повреди, но знаев дека Зубименди добро ќе го замени. За Родри веќе кажано е каков играч е и колку ни е важен. Ве молам спремете ја „Златната топка“ за Родри.

Имаме многу добри фудбалери кои постојано се надградуваат и 
ќе бидеме уште посилни“.

Де ла Фуенте е првиот во историјата со европска титула за фудбалери до 19, 21 година и во сениорска конкуренција.

Состави

Луис де ла Фуенте

4-2-3-1

    Lee Carsley

    3-4-2-1