• Саше Љолес
Луис де ла Фуенте беше малку разочаран по поразот од Португалија во финалето од Лигата на нации, но пронајде причина за задоволство во пристапот на неговиот тим.
Шпанскиот селектор рече дека „фуријата“ требала да ги избегне пеналите, затоа што според него, била многу подобра од ривалот во екстра-времето.
„Ваквите натпревари ги решаваат мали ситници. Мислам дека одигравме балансиран меч, но бевме подобри во продолженијата. Требаше да ги избегнеме пеналите. Жалам што пенал-рулетот го одреди победникот, среќата беше на страната на Португалците.
Шпанија уште се гради како сериозен тим, мислам дека сме на одличен пат. Имавме прекрасни моменти минатата година, а сега се фокусираме на следните предизвици. Имаме пат кон Мундијалот, каде ќе заминеме со огромни амбиции“, рече Де Ла Фуенте.
Актуелниот континентален владетел го „положи оружјето“ пред мотивираните Португалци, кои успеаја да го освојат вториот трофеј во Лигата на нации.
ФОТО/PHOTO: UEFA