ВИДЕО: „Де Кујп“ се прости од својот идол, Ван Перси ја заврши играчката кариера

Легендарниот холандски напаѓач Робин Ван Перси официјално ја заврши професионалната кариера. Попладнево на „Де Кујн“ во Ротердам, Феенорд неочекувано загуби од Ден Хаг со 0-2, а напаѓачот за последен пат го облече дресот на својот матичен клуб.

Покрај за Феенорд, Ван Перси го носеше дресот на Арсенал, Манчестер Јунајтед и Фенербахче, а остави трага и во дресот на холандската репрезентација со која освои бронза на Светското првенство во Бразил 2014 година.

Ван Перси не откри дали и по завршувањето на кариерата ќе остане во фудбалот и во која улога или ќе се посвети на некоја друга дејност и семејството.