Де Јонг открива: Барселона не беше мојот прв избор...

Де Јонг Арсенал

Еден од најталентираните фудбалери на денешницата во Европа е Френки де Јонг. Тој од наредната сезона ќе игра во екипата на Барселона која се заљуби во неговата игра минатата сезона во дресот на Ајакс.

Интересна изјава даде младиот 22-годишен креативец, кој рече дека најпрво планирал да се пресели во Арсенал, а потоа на „Камп Ноу“.

„Арсенал изгледаше убаво за мене во минатото и секогаш замислував кога ќе си заминам од  Ајакс, ќе одам таму, а дури потоа во Барселона. Тоа е истиот пат по кој што помина да речеме Марк Овермарс. Меѓутоа, ако веќе можете да одите директно во Барселона тогаш не треба да имате дилема. Сонот ми се оствари многу побрзо од очекуваното“, вели поранешниот член на „копјаниците“.

Холанѓанецот ќе го засили средниот ред на Каталонците кои се заинтересирани и за неговиот сонародник, Матијс де Лихт.

Де Јонг го оствари трансферот на кариерата за сума од 75 милиони евра.