• Саше Љолес
Холандскиот репрезентативец, Френки де Јонг, изјави за шпанските медиуми дека новиот договор со Барселона е близу и сака да остане што подолго во редовите на каталонскиот гигант.
Навивачите конечно добија потврда од барем еден релевантен извор, а тоа е самиот фудбалер кој искрено посака да се задржи во Каталонија, каде освои многу трофеи и стана важна алка во тимот.
„Договорот е близу, треба да се завршат само некои детали. Барселона е мој втор дом и сакам да останам тука што подолго. Клубот е феноменален, навивачите се фантастични. Освоивме многу сезонава, па затоа сакам тоа да се случува секоја наредна година“, рече Де Јонг.
Де Јонг е во Барселона од 2019 година и досега одигра 177 натпревари во Примера. Минатата сезона настапи на 40 натпревари во сите конкуренции.
ФОТО/PHOTO: FC Barcelona/Twitter/X