Де Јонг: Јувентус, фаворит? И Реал Мадрид беше...

Ајакс го приреди најпријатното изненадување во Лигата на шампионите и со елиминација на европскиот владетел Реал Мадрид дојде до четвртфиналната фаза.

Следен ривал ќе биде Јувентус, тим за кој младиот Френки де Јонг има пофални зборови, но најавува и надигрување.

„Јувентус е еден од најтешките ривали во оваа ждрепка. Го гледав нивниот натпревар и победата од 3-0 над Атлетико Мадрид. Играа навистина добро. Јувентус ќе биде фаворит, но не заборавајте дека и Реал Мадрид беше против нас. Имаме шанси да одиме понатаму“, изјави Де Јонг.

Холандскиот фудбалер зборуваше и за Кристијано Роналдо, ѕвездата на Јувентус, за кого има максимална почит.

„Кога имав 10 или 12 години, Роналдо веќе беше еден од најдобрите во светот. Ќе биде навистина убаво што ќе имам шанса да играм против него“, прокоментира фудбалерот на Ајакс.

Натпреварот меѓу Ајакс и Јувентус ќе се игра на 9/10 април во Холандија, додека реваншот во Италија ќе биде закажан на 16/17 април.