ВИДЕО: Де Јонг и Нолито ја решија Гранада и ја вратија Севиља на победничките патеки

Фудбалерите на Севиља им се вратија на победничките патеки во домашниот шампионат, откако во рамки од 21. коло на Примера со сигурни 2-0 го совладаа тимот на Гранада, во натпревар кој беше решен уште во првото полувреме. Со оваа победа гигантот од Андалузија го прослави 130-от роденден на клубот.

  • Севиља - Гранада 2-0: 

Избраниците на поранешниот шпански селектор Лопетеги тргнаа офанзивно и од самиот почеток го нападнаа гостинскиот гол. Тоа реализираше со погодок уште во 11. минута, кога на асистенција на Навас, искусниот Лук Де Јонг со глава го матира Силва и реализираше за 1-0. Пред крајот на првиот дел по една одлична тимска акција, поранешниот член на Манчестер Сити, Нолито, итро од полулево ја смести топката во гостинската мрежа и ги постави конечните 0-2. 

Претходно, во првиот денешен натпревар во Примера, Еспањол со голот на дебитантот Раул Де Томас во вториот период избегна домашен пораз од Атлетик Билбао и одигра 1-1. Голот за водство на баскискиот тим го постигна Вилалибре во 12. минута.

  • Еспањол - Атлетик Билбао 1-1: 

Сигурна гостинска победа вечерва извојува тимот на Виљареал, откако со головите на Бака и Нино со 1-2 беше поуспешен од Алавес

  • Алавес - Виљареал 1-2: