ВИДЕО: Де Јонг го реши дербито на Севиља, Бетис тоне на табелета

Големото градско дерби на андалузиските гиганти од Севиља им припадна на гостите, фудбалерите на Севиља на Јулен Лопетеги, кои славеа на „Бенито Виљамарин“ против домашниот Бетис со 1-2 во последниот натпревар од 11. коло на Примера.

  • Бетис - Севиља 1-2: 

Натпреварот го одлучи долго критикуваниот Де Јонг, кој со гол во 54. минута донесе победа на својата екипа. Претходно резултатот го отвори Окампос, а за голот за израмнување на „зелено-белите“ беше дело на Лорен.

Натпреварот беше тврд, тензичен и полн со јавни опомени, а трите бода на тимот на Севиља му значат скок до петтото место со 21 бод, четири помалку од водечките Барса и Реал Мадрид. Бетис падна на 17-тото место и неизвесна е судбината на тренерот Руби.

Претходно попладнево, Хетафе и Осасуна играа без голови (0-0).

  • Хетафе - Осасуна 0-0: