Де Јонг ги помина лекарските прегледи, следува презентација на „Камп Ноу“

Еден од најголемите таленти на денешницата Френки де Јонг денес успешно ги помина лекарските прегледи во Барселона.

Ернесто Валверде ќе добие одлично засилување во средината на теренот кој се очекува да биде во екипата долги години. 

22-годишникот потекнува од школата на Ајакс кој одигра сезона за паметење. По истата доби многу понуди за свои фудбалери, а реши да ја прифати онаа на Каталонците за младиот Холанѓанец.

Барса за него плати 75 милиони евра, а се бори и за потписот на неговиот сонародник Матијс де Лихт. За него има голема конкуренција во Јувентус