ФОТО: Де Хеа со себе имаше список кој каде шутира, но не одбрани пенал!

Фудбалерите на Виљареал го освоија трофејот во Лигата на Европа, откако по единаесет серии пенали го победија Манчестер Јунајтед (1-1). „Ѓаволите“ беа во игра по 21 пенал, ама трагичар на крајот беше Давид Де Хеа. 

Шпанскиот голман не е многу познат по добро бранење на пенали, што се докажа и вчера против Виљареал. Имено, Де Хеа нема одбрането удар од единаесет метри цели пет години или 38 удари кон голот. 

Против „жолтата подморница“, Шпанецот имаше спремен и список за кој каде шутира, а дури и дали зема брз или спор залет. Сепак, ниту тоа не му помогна да спречи ниту еден од 11-те удари, па откако го промаши својот пенал му ја препушти титулата на Виљареал.