ВИДЕО: Де Хеа? Не им е потребен кога тука е Навас – еве ги магичните одбрани на Костариканецот!

Фудбалерите на Реал Мадрид одиграа онолку колку што им беше потребно за влез во ново финале на Лигата на шампионите. „Кралевите“ свесно им ја пропуштија играта на Атлетико Мадрид, не сакаа многу да ризикуваат и на крај заслужено загубија со 2-1. 

Но, работите можеа да тргнат во друга насока доколку на Реал на голот го немаше расположениот Кејлор Навас. Костариканскиот голман не можеше ништо да стори при головите на Сеул и Гризман, но тој беше главниот виновник што мрежата на својот тим остана незатресена по 16. минута. По продолжение погледнете ги фантастичните одбрани на реаловиот голман, кој го става во двоумица Зидан – дали ова лето повторно да тргне по Давид Де Хеа?