Де Бур си даде оставка по неуспешниот настап на ЕП!

Де Бур

Франк де Бур си даде оставка, по елиминацијата на Европското првенство. Холандија застана во осминафиналето, каде загуби од Чешка.

51-годишникот пристигна на местото на Роналд Куман пред само една година. Дебито го направи во октомври минатата година на пријателски меч против Мексико.

Холандската јавност ја критикуваше формацијата 3-5-2 на Де Бур. Тој остана упорен до крај во својата идеологија, но цената ја плати со пораз во првата нокаут фаза на континенталниот собир.

Поранешниот репрезентативец ги водеше „лалињата“ на 15 меча на кои запиша осум победи, четири реми средби и три порази.