Де Бур: Промашивме зицер, па добивме црвен картон – полошо од тоа не можеше

Селекторот на Холандија, Франк де Бур вели дека неговата селекција била подобар ривал од Чешка, но дека пропуштената шанса на Мален и црвениот картон на Матијс Де Лихт решително влијаеле на поразот и испаѓањето во осминафиналето од Европското првенство.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Глупоста на Де Лихт ѝ пресуди на Холандија, Чешка избори четвртфинале!

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Каква глупост на Де Лихт, играше намерно со рака и доби црвен картон со Чешка

Чешка ја имаше улогата на аутсајдер на дуелот на „Пушкаш Арена“, но одлично ја искористи бројчаната предност и со сигурни 2-0 си обезбеди место меѓу осумте најдобри на Европското првенство.

„Бевме подобар ривал до тој црвен картон. Доминиравме во играта, крилата Дамфрис и Ван Анхолт беа одлични, но ни недостигаше тој последен пас.

Вакви натпревари ги решаваат еден или два детали. Имавме голема шанса преку Мален, а неколку секунди подоцна останавме со десет играчи. Ни се случи најлошото што можеше да ни се случи“, рече Де Бур.

Поранешните асови на „лалињата“ Снајдер и Ван Ддр Варт не се согласуваат со зборовите и тактиката на Де Бур, па по натпреварот испратија остри критики кон холандскиот селектор.

<<< ПОВРЗАНО - Холандските ѕвезди „удрија“ по Де Бур: Страшно, тимот добива црвен картон, а тој...