ВИДЕО: Де Брујне спречи сензација на Велс, Македонија е прва по јунскиот циклус!

Репрезентациите на Белгија и Велс одиграа феноменален натпревар во групата Ј од мундијалските квалификации, а победата на крајот замина кај домашните фудбалери, кои триумфираа со конечни 4-3 (3-0). 

  • Белгија - Велс 4-3: 

Белгија имаше водство од 3-0 во првиот дел откако стрелаа Лукаку, Доку и Тилеманс, но Велшаните покажаа карактер и најпрво намалија на 3-1 пред паузата, а стрелец беше Хари Вилсон од пенал. 

Веднаш на стартот на вториот дел Велс успеа да се врати во игра и стигна со 3-2 преку Сорба Томас, а ерупцијата кај гостинските навивачи се случи во 70. минута, кога Бренан Џонсон израмни на 3-3 и комплетно го оживеа мечот. 

„Црвените ѓаволи“ беа во мал шок, на моменти и повеќе се бранеа, но потоа успеаја да се вратат во колосек. Ромелу Лукаку постигна уште еден гол, но истиот беше поништен поради аут во зачетокот на акцијата. Сепак, само осум минути подоцна на сцената стапи искусниот Кевин Де Брујне, кој погоди за 4-3 и го постави конечниот резултат, носејќи големо разочарување кај гостинските навивачи. 

Белгија стигна до четири бода од првите два натпревари во групата Ј и го „скокна“ Казахстан на третата позиција, Велс е втор со седум бода, а лидер после јунскиот циклус е репрезентацијата на Македонија со осум бодови на своето салдо!

Норвешка славеше минимален триумф на гостувањето кај Естонија со голот на Ерлинг Халанд (0-1), Хрватска ја здроби Чешка со огромни 5-1 во групата Л, а Италија ја совлада Молдавија со 2-0 и ја впиша првата победа во квалификациите. 

Состави

Руди Гарсија

4-4-2

    Крег Белами

    5-4-1