Де Брујне: Созреавме како тим, точно знаеме како да одиграме против Словачка

Еден од најдобрите белгиски фудбалери во историјата, Кевин Де Брујне, е среќен што неговата репрезентација е дел од Европското првенство и очекува голема борба за прогрес во елиминациите, но вели дека сите играчи мора да бидат максимално фокусирани и да не дозволуваат кардинални грешки, особено на првиот меч против Словачка. 

Белгија секогаш има силен тим и се вбројува меѓу кандидатите за највисок пласман, а Де Брујне со своето огромно искуство се очекува да биде вистински предводник на својот тим. Асот на Манчестер Сити веќе собра над 100 настапи за националниот тим и ќе ја носи капитенската лента. 

„Прекрасно е да се биде тука. Европското првенство е секогаш огромен предизвик. Сите сакаме да започнеме што побргу и да одиграме квалитетно против силни ривали. Целта ни е да ја минеме групната фаза и да се бориме за висок пласман. Не сакам да прогнозирам и да шпекулирам што би се случило, ќе оставам работите да течат спонтано. 

Созреавме многу како тим и мислам дека сме подготвени за сите противници. Оваа генерација претрпе неколку сериозни промени, но уште сме при самиот врв и тоа ќе го докажеме на теренот. Словачка има одлични играчи и компактна екипа, тоа го покажаа во квалификациите.

Ги анализиравме и точно знаеме како треба да одиграме против нив. Јас како капитен сум многу горд на моите достигнувања и ќе се обидам максимално да ги мотивирам своите соиграчи. Само се надевам да не правиме кардинални грешки, нешто што ни се случуваше во минатото. Сите сме расположени за игра и одиме на победа“, изјави Де Брујне.  

Белгија и Словачка ќе го одиграат својот прв меч на Европското првенство на 17 јуни, со почеток во 18:00 часот. Во групата Е се уште селекциите на Романија и Украина.