• Горан Упале

Белгија одигра одличен натпревар пред своите навивачи и убедливо ја совлада Турција со 3-0 (1-0) во третото коло во Лигата на нации.
- Белгија - Турција 3-0:
„Црвените ѓаволи“ уште од самиот почеток тргнаа офанзивно, а резултатот го отворија во деветтата минута. Кевин де Брујне прими топка на работ од шеснаесетникот и со прецизен удар ја затресе мрежата за 1-0. Турција не успеа да одговори, а Белгија продолжи да го контролира натпреварот.
Во 60. минута повторно на сцена стапи Де Брујне. Капитенот на белгиската селекција доби одлична асистенција од Јури Тилеманс и по вторпат го совлада турскиот голман за 2-0. Точка на натпреварот стави Ромелу Лукаку во 76. минута. Најдобриот стрелец во историјата на белгиската репрезентација се најде во близина на голот, остана сам и без проблеми погоди за убедливи 3-0.
- Босна и Херцеговина - Шведска 1-1:
Вечерва, во рамки од Лигата Б беа одиграни четири натпревари, а во фокусот секако дека беше последниот танц на Един Џеко за БиХ. Во Зеница домашните фудбалери одиграа 1-1 против Шведска, а искусниот напаѓач со овации и шпалир беше испратен од теренот.
-
Полска - Романија 6-0:
Уште еден ветеран вечерва беше во центарот на вниманието – Роберт Левандовски постигна три гола во убедливата победа на Полска над Романија од 6-0.







