Де Брујне откри со какви последици помина по судирот со Рудигер

Де Брујне

Кевин Де Брујне има скршен нос и скршеница под окото предизвикани од тешкиот судир со Антонио Рудигер во финалето на Лигата на шампионите.

Белгискиот фудбалер мораше да ја напушти играта и да ја пропушти завршницата од натпреварот, кој неговиот тим го загуби со минимален резултат.

Германскиот дефанзивец немаше последици од судирот и можеше да продолжи. Но, хендикепот беше поголем за „граѓаните“, кои останаа без еден од своите најдобри фудбалери во клучниот период од мечот.

За Де Брујне останува да заздрави во пресрет на настапот со Белгија на Европското првенство.