Де Брујне: Не ме загрижува Арсенал, примивме глупав гол 

Кевин де Брујне и Манчестер Сити не успеаја да го освојат Комјунити Шилд оваа сезона. Тие беа поразени од Арсенал на пенали, откако претходно примија гол за 1-1 во 11. минута од судиското надополнување.

Де Брујне промаши во пенал рулетот, а Арсенал во тој дел од лотаријата победи со 4-1. Победата секако им даде крилја на момците на Микел Артета пред почетокот на новата сезона и битката за титулата во Премиер лигата, сепак, Белгиецот вели дека не е загрижен од „топџиите“.

„Има осум или девет тима кои се во метеж, па не се грижам за нив. Мораме да го направиме тоа што треба да го направиме. Сите треба да бидеме поостри, да дојдеме до максимална кондиција, но одигравме доста добро и имавме шанси да постигнеме уште еден гол. Што може да се направи на крајот? Тоа беше одбиена топка, глупав гол“, рече Де Брујне.

Манчестер Сити во петок на 11 август ќе ја отвори сезоната во Премиер лигата на гостувањето кај Барнли, повратникот во елитната група.

Најнови вести од
Комјунити Шилд, Англија