Де Брујне го продолжи договор со Сити до 2023 година, ќе заработува 280.000 фунти неделно

Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, го продолжи договорот со „граѓаните“ до 2023 година. Белгиецот по новиот договор ќе заработува 280.000 фунти неделно, а со дополнителните бонуси неговата плата може да достигне и до енормни 350.000 фунти.

„Навистина сум среќен што потпишав нов договор. Веќе изјавив дека мојата намера е да останам во Сити, бидејќи од првиот ден тука се чувствувам како да сум дома“, изјави веднаш по потпишувањето на новиот договор, Де Брујне.

Оваа сезона моторот на тимот на Гвардиола одигра 32 натпревари, на кои има запиша осум гола и 13 асистенции. Со ова тимот од Манчестер само ја потврдува својата иднина, бидејќи претходно ги продолжи договорите на Фернандињо и Николас Отаменди.

Де Брујне на „Итихад“ пристигна во 2015 година од тимот на Волфсбург за 75 милиони евра. За Манчестер Сити одигра 122 натпревари, на кои постигна 31 гол, а запипша и дури 50 асистенции.