ВИДЕО: Де Брујне го дотолчи Бразил, „кариоките“ пред најтешкиот испит на СП!

Репрезентацијата на Бразил има негатива од 0-2 на мечот против Белгија и се наоѓа пред најтешкиот испит на Мундијалот оваа година.

Белгија најпрво поведе со автогол на Фернандињо, за потоа, Кевин Де Брујне да постигне одличен погодок во мрежата на Алисон, по една супербрза акција, за 0-2.

Бразил досега не губеше на овој Мундијал, а сега ситауцијата е далеку покомплицирана. Тите и неговите фудбалери се наоѓаат пред најтешката мисија на ова СП, за да останат во игра за „божицата“.