Де Бјази: Погрешно е да сметаме дека Македонија е аутсајдер

На денешната прес-конференција селекторот на Албанија, Џани Де Бјази беше искрен и не се сложи со мислењето на новинарите дека Македонија е аутсајдер во групата..

„Тоа е погрешен начин на гледање на работите. Нема слаби и силни репрезентации. Европското првенство во Франција тоа најдобро го покажа. Ние ќе имаме максимален пристап на утрешниот меч со Македонија, друго би било крајно погрешно. Македонија ја познаваме колку и сите други во групата. Ги имаме гледано сите натпревари под водство на новиот селектор“.

Новиот капитен на Албанја, Анси Аголи вели дека постои притисок од навивачите и од јавноста.

„Добро сме подготвени, утре одиме и очекуваме позитивен резултат. Ќе играме за три бода,  атмосферата е одлична, по многу години репрезентативниот фудбал се враќа во Скадар што е добро. Македонија можеби нема голем рејтинг, но има одлични индивидуалци кои ние мораме да ги почитувам“, рече Аголи.

Албанците попладнево тренираа на „Лоро Боричи“ и утре ќе имаат голема поддршка од 16.000 албански навивачи.