• Мартин Танасковски
Македонскиот интернационалец Давор Здравковски во новата сезона ќе има нов клуб затоа што си замина од шкотскиот премиерлигаш Мадервел.
27-годишниот дефанзивен играч за врска две години беше дел од тимот, но на истек на договорот, соработката не се продолжи. Така, Здравковски како слободен ќе бара нова средина.
Играчот играше за Мадервел од 2023 година, а сезонава настапи на 31 меч. Дојде од Кипар, каде беше дел од АЕЛ Лимасол за кого играше шест години и остави голема трага.
Претходно, Давор Здраковски беше и во Македонија ЃП.
ФОТО: Motherwell FC / Facebook