Давор Здравковски влезе во „клубот 100“ на АЕЛ Лимасол

Македонскиот фудбалски репрезентативец Давор Здравковски игра уште една успешна сезона на Кипар и бележи јубилеј за неговиот тим АЕЛ Лимасол.

23-годишниот играч во средниот ред дојде до голем број и 100 одиграни натпревари во дресот на кипарскиот прволигаш. Клубот му подготви дрес со бројката, како мал спомен за јубилејот.

Здравковски е дел од АЕЛ Лимасол од 2017 година. Во редовите на кипарскиот прволигаш пристигна од Македонија Ѓорче Петров.