• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалски репрезентативец Давор Здравковски повторно ќе го облече дресот на АЕЛ Лимасол, клубот каде што остави силен белег во својата кариера. По две сезони минати во шкотската Премиер лига со Мадервил, Здравковски одлучи да се врати на Кипар и повторно да се приклучи на тимот со кој во 2019 година ја освои куп-титулата.
Периодот од 2017 до 2023 година беше особено успешен за 26-годишниот играч од средниот ред, кој за АЕЛ запиша над 160 официјални настапи, вградувајќи се како еден од клучните фудбалери во постигнувањето на резултатите на тимот. Во Мадервил, Здравковски одигра вкупно 62 натпревари во сите натпреварувања.
АЕЛ Лимасол официјално потврди дека трансферот ќе биде финализиран по успешно завршените медицински прегледи. Од клубот изразија задоволство што повторно ќе можат да сметаат на играч кој добро го познава тимот и околината, а кој, според нив, ќе помогне во остварувањето на амбициите за нови трофеи.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

