Давор Здравковски останува во Мадервел и следната сезона

Македонскиот репрезентативец Давор Здравковски нема да менува средина и ќе остане во шкотски Мадервел и следната сезона, објавија од клубот.

26-годишниот играч за врска кој е дел од сениорската селекција и чека деби имаше успешен крај на сезоната со шкотскиот премиерлигаш. Одигра вкупно 31 натпревари на кои постигна еден гол.

Мадервел ги објави играчите кои остануваат во клубот и понатаму, а меѓу нив е и Здравковски, кој има договор до 2025 година. Така, Македонија ќе има најмалку еден претставник во шкотската Премиер лига во новата сезона.

Дел од елитата во земјата е и Бојан Миовски кој игра за Абердин, но за него се најавува голем трансфер поради фактот дека зад себе ја има најдобрата сезона во кариерата. Исто така според информациите на Gol.mk, пред трансфер во Шкостка е и Кристијан Трапановски.