• Мартин Танасковски
Македонскиот интернационалец Давид Тошевски ја заврши авантурата во Полска каде беше позајмен во тимот на Горник Забже.
20-годишниот напаѓач беше позајмен во полскиот клуб од руски Ростов, но не успеа да добие редовна минутажа. Затоа двете страни ја раскинаа позајмицата и тој ќе замине да игра во Словачка.
Нов клуб на Тошевски е тимот на Михаловце. Тој ќе биде нов Македонец во Фортуна лигата, каде веќе имаме неколку интернационалци. Се работи исто така за позајмица, до месец декември 2022 година.
Тошевски замина во Ростов од Работнички, а во меѓувреме покрај во Горник беше позајмен и во Тамбов.