• Мартин Танасковски
Македонскиот интеррнационалец Давид Тошевски ја надмина повредата и се врати во тимот на Австрија Клагенфурт.
Австрија на домашен терен загуби од ЛАСК со резултат 1-2, а Тошевски се најде во тимот во второто полувреме. Македонецот ја почна средбата на клупата за резерви и влезе во 70. минута на местото на Кох.
Ова беше прв настап за Тошевски по три месеци. Напаѓачот имаше повреда на ногата поради која мораше да мирува подолго време.