• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Давид Тошевски има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Полска.
Тошевски, кој има 20 години и игра во нападот, е во сопственост на рускиот премиерлигаш Ростов, меѓутоа нема простор за него во тимот и ќе бара минутажа на позајмица во Полска. Тошевски е нов член на Горник Забже.
Презентацијата на Тошевски е интересна. Клубот е познат како рударски, па така, „рударите“ го промовираа македонскиот играч со стил. Соиграч на Тошевски во Полска ќе биде славниот германски репрезентативец Лукас Подолски.
За Давид Тошевски ова ќе биде втора позајмица додека е член на Ростов.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.