Давид Тошевски ја инспирираше првата победа за Дендер во белгиската елита!

Македонскиот фудбалски интернационалец, Давид Тошевски, одигра одличен натпревар за екипата на Дендер, која конечно ја забележа првата победа во белгиската елита и славеше со конечни 1-2 на гостувањето кај Антверпен

Дендер се израдува на првиот триумф, кој беше најавен токму од нашиот Тошевски. Македонецот стрелаше за 0-1 во 51. минута и го отвори резултатот, а домаќините израмнија со голот на Кујате во 76. минута. 

Конечните 1-2 беа дело на Рагнар Оратманген, кој погоди точно две минути до крајот на регуларното време, носејќи три бода за својот тим. Дендер е последнопласиран на табелата во белгиската Про Лига, а за Тошевски ова е втор гол сезонава.