Давид Силва обвинет за напад врз девојка

Давид Силва

Првата ѕвезда на Реал Сосиедад, Давид Силва, минува низ тежок период од кариерата. Поранешниот ас на Манчестер Сити и репрезентативец на Шпанија е прогласен за виновен за напад врз девојка.

Инцидентот се случил за време на карневал на Канарските острови. Поради своето непримерно однесување шпанскиот фудбалер мораше да одговара пред органите на правдата.

Силва насилно реагирал кон девојка, која од падот добила модринки на лактите и колената. Медицинските лица реагирале веднаш и спречиле посериозни повреди.

Офанзивниот играч на тимот од Сан Себастијан ќе плати парична казна од нешто повеќе од илјада евра. Другото лице вмешано во скандалот е осудено на осумесечна затворска казна.