Давид Силва е господин, му даде ветување на Лацио

Давид Силва си замина од Манчестер Сити и во новата сезона ќе има нов клуб, а една од опциите е калчолигашот Лацио.

34-годишниот играч за врска е желба на „небесно-сините“, а од управата му дадоа понуда. Се говори дека од Лацио се подготвени да му дадат 12 милиони евра по сезона на играчот за врска кој блескаше во Сити.

Давид Силва со неговиот гест покажа дека е господин. За да не одолговлекува, дал ветување дека ќе одговори на понудата на Лацио до крајот на актуелната седмица. Потегот на Силва е за почит, затоа што тимот ќе знае дали го добива или ќе треба да бара нов играч.

Шпанецот пред да премине во Манчестер Сити играше уште и за Валенсија, Селта и Еибар.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.