Давид против Голијат во руското Куп-финале

Нема потреба да се зборува колкав фаворит е Зенит во финалето на Купот во Русија. Старо-новиот шампион ќе вкрсти копја со клубот од втора лига. Полуфиналниот дуел со Урал, кој Химки го доби со 3-1, е единствен натпреварувачки меч од март, бидејќи втората руска лига сè уште мирува. 

Зенит е апсолутен фаворит. Ова му е можност конечно да ја освои двојната круна, бидејќи единствената до сега ја освои пред точно десет години. Вкупно три пати клубот од Санкт Петербург го креваше пехарот во Купот на Русија, а последен пат во 2016 година. Дури и кога не би ја зеле в предвид огромната разлика во квалитетот на тимовите, Зенит повторно би имал предност поради формата во која го приведе шампионатот кон крај. Последен пат на домашна сцена „небескосините“ загубија уште во септември минатата година, кога беа совладани од Локомотива. Од тогаш паѓаа само на европска сцена, но на територија на Русија – ниту еднаш. 

Сите коефициенти за натпреварот >>>

Во Русија не е толку редок случај второлигаш да стигне до финале на Купот, а најдрастичен случај беше пред две години, кога за трофеј се бореа Тосно и Авангард. 
Химки се надева дека ќе направи уште едно, финално изненадување, бидејќи на патот до финалето ги елиминираше прволигашите Урал, Оренбург и Рубин, а по пат го разнесе московски Торпедо. Клубот од московското предградие се надева дека ќе успее во тоа во кое не успеа во 2005 година, кога прв пат во историјата стигна до мечот за трофејот во Купот, но загуби од ЦСКА со 1-0. Единствениот гол на мечот тогаш го постигна Јури Жирков, истиот човек кој овојпат ќе биде во тимот на Зенит. 

Што се однесува до меѓусебните средби, ги нема полни девет години. Дури и таа 2011 година, кога се најдоа еден наспроти друг, беше во Купот на Русија и Зенит славеше со 3-2. Очекуваме и овојпат Зенит да биде подобар. Едноставно толку многу има на своја страна, па друг исход би бил огромно изненадување.