Давид Луиз се врати во татковината и потпиша за Фламенго

Искусниот дефанзивец Давид Луиз има нов клуб. Бразилецот се врати дома, откако стави потпис на договор со тимот на Фламенго.

Тамошните медиуми пренесуваат дека сè е готово, и поранешниот репрезентативец на „кариоките“ со новиот клуб ќе потпише договорот до декември 2022 година.

Во текот на кариерата, одличниот стопер ги бранеше боите на голем број европски великани, како што се Арсенал, Челзи, ПСЖ и Бенфика. За неговите трансфери клубовите потрошија околу 120 милиони евра, а 34-годишниот фудбалер пристигнува во Фламенго потполно бесплатно.

Неодамна се шпекулираше дека Луиз ќе замине за Турција и ќе стане член на Адана Демирспор, но се реши за враќање во татковината.