• Иван Димовски
Фудбалот знае да носи изненадувања, а такво нешто се случи на Кипар. Актуелниот првак на оваа земја Пафос успеа да го доведе во своите редови поранешниот капитен на Челзи и на бразилската репрезентација, Давид Луиз.
Искусниот 38-годишен дефанзивец пристигнува од Форталеза, а претходно настапуваше за бројни големи клубови како Фламенго, Челзи, Арсенал, Пари Сен Жермен, Бенфика, Виторија и Сао Паоло. Со богато интернационално искуство и трофејна кариера зад себе, Луиз ќе биде огромно засилување за актуелниот шампион на Кипар.
Тој има 57 настапи во дресот на бразилската репрезентација и ќе биде лидер во обидот на Пафос да стигне до групната фаза од Лигата на шампионите. Тимот од Кипар во третото квалификациско коло ќе се соочи со украинскиот великан Динамо Киев.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

