Давид де Хеа по една година конечно пронајде нов клуб

Давид де Хеа, поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и долгогодишен шпански фудбалски репрезентативец, по речиси една година пауза конечно си најде нов клуб.

Шпанскиот голман потпиша договор со Фиорентина, реномираниот клуб од италијанската Серија А, па со тоа стави крај на неговата потрага по нов ангажман. Договорот ќе трае до јуни 2025 година, со опција за продолжување на уште една сезона.

Договорот меѓу Де Хеа и Фиорентина е постигнат по неколкунеделни преговори, а шпанскиот голман пристигна во Фиренца за да ги помине медицинските прегледи и официјално да се претстави пред навивачите.

Де Хеа минатото лето го напушти Манчестер Јунајтед по повеќе од една деценија на „Олд Трафорд“. За време на кариерата во Англија, тој беше еден од најдобрите голмани во светот.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.