Давид Бабунски понуден на бугарски Левски!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски може да заврши во Бугарија, затоа што агент го понудил на екипата на Левски.

Агент им помага на „сините“ за играчи, а на листата на имиња е Бабунски, објави бугарска „Тема Спорт“. Халфот во моментов игра во Унгарија, во тимот на Мезоковешд, а договорот му истекува во 2025 година.

Добра вест за Левски е што доколку го земе Бабунски во тимот, тој ќе може да игра како ЕУ играч затоа што поседува шпански пасош.

Претходно, во бугарскиот шампионат трага остави неговиот брат Дориан Бабунски кој играше за Ботев Враца.