• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски нема да остане во Шкотска и понатаму, затоа што не успеа да постигне договор за нова соработка со премиерлигашот.
Неговиот договор со Данди Јунајтед беше на една година, со можност да биде продолжен на уште една, но раководството и играчот не најдоа заеднички јазик.
31-годишниот играч од средниот ред дојде во Шкотска во 2024 година од Унгарија, а оттогаш настапи на 29 средби на кои запиша три гола и една асистенција. Во еден момент, Бабунски беше и капитен на Данди Јунајтед.
Давид Бабунски е репрезентативец на Македонија, има 18 настапи за сениорскиот тим, а низ кариерата играше и за Мезeкeвешд и Дебрецен од Унгарија, Фарул и Ботошани од Романија, Омија Адрија и Јокохама од Јапонија, Црвена Звезда од Србија и Барселона од Шпанија.