Давид Бабунски и Данди седнуваат на маса за нов договор

Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски може да остане во Шкотска и понатаму, затоа што во периодот кој следи доаѓаат преговори за нова соработка.

31-годишниот играч од средниот ред дојде во Шкотска во 2024 година од Унгарија, а оттогаш настапи на 26 средби на кои запиша три гола и една асистенција.

Неговиот договор со Данди Јунајтед е на една година, со можност да биде продолжен на уште една. Од Шкотска најавуваат дека во следните недели ќе следат преговорите околу тоа дали Бабунски ќе остане во лигата, а кај нив постои желба за такво нешто.

Давид Бабунски е репрезентативец на Македонија, има 18 настапи за сениорскиот тим, а низ кариерата играше и за Мезeкeвешд и Дебрецен од Унгарија, Фарул и Ботошани од Романија, Омија Адрија и Јокохама од Јапонија, Црвена Звезда од Србија и Барселона од Шпанија.