Давид Бабунски е втор најдобар летен трансфер во шкотската Премиер лига

Македонскиот интернационалец Давид Бабунски си замина од Унгарија и се пресели во Шкотска каде ќе го носи дресот на Данди Јунајтед, клуб во кој игра и уште еден наш репрезент, тоа е Кристијан Трапановски.

Шкотските медиуми се одушевени од стартот на Бабунски во новиот клуб, а на ранк листата на трансфери, плејмејкерот се наоѓа на втората позиција меѓу најдобрите во летниот преоден рок.

„Како продукт на славната Ла Масија од Барселона, 30-годишниот офанзивен играч за врска веќе одушеви во првите настапи за Данди Јунајтед. Има големо искуство во Шпанија, Унгарија и Јапонија. Интересно засилување за Данди кое може добро да се исплати“, се вели во описот на трансферот на Бабунски.

Бабунски пристигна во шкотската Премиер лига од унгарски Мезекевешд, а претходно играше за Дебрецен, Виторул Костанца, Ботошани, Омија Адрија, Јокохама Маринос, Црвена Звезда и Барселона Б. За Македонија има 15 настапи.