• Горан Упале

Македонскиот дефанзивец Давид Атанаскоски се врати во добро позната средина. По само осум месеци минати во романскиот шампионат, носејќи го дресот на Јаши, Атанаскоски одново ќе заигра за Партизани од Албанија.
Левиот бек, кој има 28 години, беше дел од Партизани од 2022 година и боите на овој клуб ги бранеше до крајот на минатата сезона, по која се реши за нов предизвик и потпиша за Јаши. Во албанскиот клуб Атанаскоски дојде од Македонија ЃП, а претходно настапуваше за Шахтер Караганди од Казахстан, Брера Струмица, Хоризонт Турново и Тетекс.
Во првиот мандат Атанаскоски за Партизани одигра 81 натпревар, на кои даде два гола и освои два трофеи.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.